Почетна Вести Европа Грузиската црква го обвини рускиот патријарх за поддршка на сепаратизмот
Грузиската црква го обвини рускиот патријарх за поддршка на сепаратизмот

Грузиската црква го обвини рускиот патријарх за поддршка на сепаратизмот

249
0

Грузиската Патријаршија го обвини поглаварот на Руската православна црква, патријархот  Кирил за промовирање на сепаратизмот во Грузија, бидејќи испрати честитка до новиот претседател на Абхазија. Оваа реакција уследи откако прес-службата на абхазискиот лидер Раул Хаџимба на 16 септември ја објави честитката од патријархот Кирил за победа на „претседателските избори“ во Абхазија.

-Земјата на Абхазија е исконска грузиска територија и треба да се согледа само во рамките на грузиските граници. Ова не го негира ниту Руската православна црква и затоа ја признава јуриздикцијата на Грузиската црква во оваа област. Наспроти ова, постапките на Неговата Светост Кирил се неразбирливи за нас и се сметаат за охрабрување на  сепаратизам што го спречува воспоставувањето на мирни односи меѓу Грузијците и Абхазијците , се вели во соопштението.

Грузиската Патријаршија се надева дека Московската Патријаршија ќе го почитува територијалниот интегритет на Грузија и, врз основа на христијанските учења, ќе помогне во нормализирање на односите меѓу Грузија и Русија, меѓу Грузијците и Абхазијците, Грузијците и Осетијците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *