Почетна Вести Грузија потврди: Свештеник требало да го отруе Патријархот Илија
Грузија потврди: Свештеник требало да го отруе Патријархот Илија

Грузија потврди: Свештеник требало да го отруе Патријархот Илија

552
0

Полицијата во Грузија соопшти дека е уапсен свештеник на Грузиската православна црква, осомничен за правење заговор за труење на поглаварот на Црквата. Во соопштението стои дека во куферот на уапсениот отец Гиорги Мамаладѕе бил откриен цијанид. Осомничениот бил уапсен на аеродромот во главниот град Тбилиси, во момент додека се подготвувал да отпатува за Германија.

Свештеникот Гиорги Мамаладѕе , кај кого бил пронајден цијанит
Свештеникот Гиорги Мамаладѕе , кај кого бил пронајден цијанит

Поглаварот на грузиската црква патријархот Илија втори се наоѓа во болница во Берлин, Германија каде закрепнува по операција, па властите во Грузија се сомневаат дека тој бил цел на заговорот за негово убиство.

Грузискиот премиер Гиорги Квинкашвили изјави за домашните медиуми дека била спречена голема катастрофа. Уапсениот свештеник раководел со одделот за имотите на грузиската црква, а бил и директор на еден медицински центар во Грузија. При претресот на неговиот дом било најдено и оружје, а полицијата имала сознанија дека тој барал и набавил цијанид.

Не е откриен идентитетот на човекот што му го дал отровот на отец Мамаладѕе, освен дека тој ја известил полицијата за заговорот.

Патријархот Илија (84) е поглавар на црквата уште од 1977 година, од времето кога оваа поткавкаска држава беше дел од Советскиот Сојуз. Повеќе од 80 отсто од вкупно 4,5 милиони Грузијци се православни христијани.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *