Почетна Вести Групно крштевање и на тиквешкото езеро
Групно крштевање  и на тиквешкото езеро

Групно крштевање и на тиквешкото езеро

299
0

Групно крштевање се случи викендов на Тиквешкото Езеро. Станува збор за атрактивно традиционално случување. Сите оние кои беа крстени во водите на вештачката акумулација која е втора по големина во државата, со различни приказни за тоа како останале некрстени до сега.

Меѓу нив и 55 годишната Велика Миланова, која беше крстена со побелени коси.

– Пред мене брат, зад мене брат, тие крстени, јас сум останала некрстена. Како и зошто се случило тоа, не знам. Немало пари и можности можеби, појма немам. Не знам дали случајно или намерно само машките деца ги крстиле во семејството. Не знам во што бил проблемот искрено да си кажам. Сигурно си велеле ај денеска, ај утре. Јас важно до 55 години си останав некрстена. Одев во црква, ама според мене тоа не беше тоа. Се крстев, а јас некрстена, знаеш како е тоа. Сега ја искористив можноста да бидам дел од ова групно крштевање во езерската вода на Тиквешко. Имам еден син кој е крстен, а и внуците ми се крстени. Дојде редот и на мене еве на староси да бидам крстена – ни рече оваа жена која беше највозрасна меѓу оние кои беа на крштевање.

krstevka slСнежана Димитриоски беше таму поради крштевањето на триесетгодишниот син.

– Кумот беше од Австралија па не можеше да си дојде долго време и затоа детето ми остана некрстено – откри таа. Кавадарчанката Стефанија кажа за Дневник дека најверојатно поради немање пари или немукает, останала некрстена.

Претставник на црквата не се сложи со изјавите на некои од оние кои се дел од групните крштевања последниве неколку години, дека поради немање пари останале некрстени.

-Тоа е од немукает. За 41 година работа не се случило ниту еден кој немал пари а требало да биде крстен, венчан или погребан, да биде вратен – рече отец од Кавадарци.

Крштевањето на брегот на Тиквешкото Езеро беше со благослов на митрополитот Повардарски Господин Агатангел.

-Оние кои беа дел од групната крштевка ја примија верата Христова и станаа членови на светата Христова црква, за да можат понатаму да учествуваат во сите останати свети тајни. Бидејќи светата тајна “Крштение” е прва и основна тајна која што се прима, за да можеш да влезеш во членството на светата Христова црква и да ги примаш и останатите свети тајни како што се тајна “Причест”, светата тајна “Венчание”, сите други свети тајни, рече отец Трајче Грозданов.

Тој кажа дека годинава пет лица се пријавиле за групно крштевање. Сите кои ја примија верата Христова, ќе дојдат во црквата на четириесетиот ден да ги запалат свеќите и да се причестат со телото и крвта Христови. Ова крштевање беше бесплатно. Вообичаено крштевањето чини 3.700 денари. Родителот на детето плаќа две илјади денари, а кумот илјада и седумстотини денари.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *