Почетна Вера Групна венчавка во Католичката црква во Штип
Групна венчавка во Католичката црква во Штип

Групна венчавка во Католичката црква во Штип

215
0

katolicka vencavka 2Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов во саботата на 28 мај 2016 година во парохиската црква „Свето Благовештение“ во Штип го предводел чинот на групно венчавање на пет брачни парови. Заедно со Бискупот во литургијата учествувале и Давор Топиќ, декан и скопски катедрален парох и Тони Ангелов, парох во Штип.

За време на Светата Литургија, како што пишува порталот „Католици.мк“ бискупот Стојанов на пет брачни парови од Штип им ја поделил Светата Тајна Венчание.

-Женидбата не е само онаа земската телесна љубов, туку во прв ред љубов на душата и срцето, која бара подготвеност на сите жртви во заедничкиот живот, носење на крстот сѐ до смртта. Вистинската брачна љубов содржи во себе дух на жртва и прегор во семејниот живот во кој покрај пријатните ќе има и горки мигови и искушенија, им порачал  Бискупот Стојанов на брачните парови.

Исто така бискупот Стојанов ги потсети брачните парови дека треба да ја чуваат својата христијанска вера и да живеат како вистински христијани и Божји деца. „Настојувајте храбро и постојано да ги издржите до крај сите тешкотии во брачниот живот во знакот на молитвата, љубовта и светата трпеливост“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *