Почетна Вера ГРУЕВСКИ: Велигден е поткрепа на македонскиот народ
ГРУЕВСКИ: Велигден е поткрепа на македонскиот народ

ГРУЕВСКИ: Велигден е поткрепа на македонскиот народ

56
0

veligden jajca– Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата држава. Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме на неговата закрила кон нас луѓето, пишува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во честитката за  големиот христијански празник Велигден упатена до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до православните верници.

-Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го разликува доброто од злото, го задолжи секој поединец да размислува со љубов, да сака со срце, да прави добри дела и да се покае за грешките, се посочува во честитката.

Да се заблагодариме на Бога, се нагласува, за неговата милост и со радост да ја примиме веста за воскресението Христово. Да се помолиме на Бог и да си посакаме и во иднина да биде блиску до нас, до нашиот народ, до нашата татковина.

– Нашиот народ низ годините има поминато многу тешкотии и искушенија, успеал да преброди многу грешни човекови дејанија. Нашиот Бог и вера биле отсекогаш со нас да нè поткрепат и утешат кога било потребно. Токму затоа, да бидеме благодарни, да се радуваме на Велигден и да си посакаме божја поткрепа и во иднина, се вели во честитката.

Нека Бог нè чува и биде со Македонија, се додава, да си го зачуваме она што е наше и она што нам ни припаѓа.

– Нека Бог ни помогне во сите искушенија, нека го зацврсти единството помеѓу народот, нека ја умножи љубовта и нека го одврати секој оној кој крева рака врз другиот. Нека нè избави од насилство и неред, нека нè потхрани со мир и спокој. Да си се почитуваме себеси, за да нè почитуваат и другите. Како што сме единствени во верата, така да сме единствени и во државата. Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот. Да си ја сакаме Македонија со целото срце, со секоја мисла и во секоја наша одлука. Нека Бог ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се родила, израснала и во иднина ќе се издига македонската држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник ! Нека ни е честит Велигден ! Христос Воскресна ! Навистина Воскресна !, се потенцира во честиткатаод плидерот наВМРО-ДПМНЕ до г.г. Стефан и православните верници.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *