Почетна Вера ГРУЕВСКИ: Потребна е мудрост, единство и знаење за предизиците
ГРУЕВСКИ: Потребна е мудрост, единство и знаење за предизиците

ГРУЕВСКИ: Потребна е мудрост, единство и знаење за предизиците

59
0

– Славењето на Христовото крштевање како една од повеќето свети тајни на Христијанството е еден од најзначајните настани за духовното раѓање и опстојбата на човековото живеење во верата, пушува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во честитката до Архиепископот Стефан, за празникот Водици.

Богојавление е настан кој просветлува и помага да ја сфатиме постојаната грижа на Бога за човекот, вели Груевски, посочувајќи дека со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето, се осветли и човековиот живот.

Бог ни го покажа патот на покајанието и прочистувањето, патот до почист и успокоен живот. Да го следиме тој пат и со радост да го прославиме големиот празник, наведува во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поминатото зад нас и времето пред нас, како што истакнува Груевски, е преполно со предизвици, за чие надминување е потребна мудрост, единство, знаење и посветеност, вредности кои нашите граѓани ги поседуваат и ги споделуваат, и тоа не охрабрува, не прави сите нас посилни во остварувањето на зададените цели.

– Нека Бог ги просветли нашите семејства и нека ја умножи среќата и радоста.  Да се почитуваме и помагаме и да останеме луѓе кои времето кое им е дадено од Бога го исполнуваат со вистински вредности и со искрени и благословени  дела, вели во честитката Груевски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *