Почетна Вести ГРУЕВСКИ: Да продолжиме да работиме заедно за силен подем на Македонија
ГРУЕВСКИ: Да продолжиме да работиме заедно за силен подем на Македонија

ГРУЕВСКИ: Да продолжиме да работиме заедно за силен подем на Македонија

80
0

-Свети Сава е дел од плејада на свети личности, мислители и дејци кои со својата неуморна просветителска и црковна дејност им оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи. Ако во Република Македонија тоа се Свети Кирил и Методиј, во Србија и помеѓу српскиот народ тоа е Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот, пишува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во честитката до припадниците на српската заедница во Македонија, за денот на нивниот национален празник.

Груевски потсетува дека поради овие причини, но и од почит кон српскиот народ, овој ден веќе деветта година по ред во Македонија се одбележува како празник на српската заедница и не неработен ден за нејзините припадници.

-Ваквите празници, се исклучително важни и значајни. Преку нив го негуваме меѓусебното почитување, учиме еден за друг и живееме еден со друг. Македонскиот и српскиот народ отсекогаш имале блиски релации и многу нешта кои ги поврзуваат. Таквата поврзаност нè собирала на заеднички прослави во минатото, нè собира на заеднички прослави и денес. Уверен сум дека таквиот однос ќе продолжи и во иднина. Воедно, уверен сум дека заедно ќе продолжиме да работиме за силен економски подем, подобрување на стандардот и животот на нашите граѓани, перспективна и напредна Република Македонија, стои во честитката од Груевски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *