Почетна Вера ГРУЕВСКИ: Да подадеме рака, да побараме и дадеме прошка
ГРУЕВСКИ: Да подадеме рака, да побараме и дадеме прошка

ГРУЕВСКИ: Да подадеме рака, да побараме и дадеме прошка

207
0

„Блискоста и љубовта во секое семејство, во секое познанство и пријателство, од секогаш била поврзана со овој убав ден. Нашиот народ знае да простува затоа што простувањето е една од основните потпори на нашата вера, една од основните пораки на нашиот спасител Исус Христос. Нема човек кој е безгрешен и токму затоа, тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да ги пречекаме пораките кои ни ги носи овој ден“. Ова е дел од честитката што за христијанскиот празник „Прочка“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја испратил до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан и православните верници во Македонија.

-Ако човек на човек замерил, ако човек со човек не зборува, денеска е денот да се олесни душата од таквиот товар, денес е денот да се подаде рака, да се побара прошка и да се даде прошка. – Така било со децении, така ќе биде и во иднина, затоа што така не учи нашиот Бог. Токму затоа, да ги поткрепиме нашите семејства, да ги почитуваме нашите родители, да ги почитуваме нашите соседи и пријатели, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден за друг, да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта, простувањето и спасението на човековиот род, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *