Грозданоски: За некои работи кога Црквата молчи, тоа значи дека многу кажува

Date:

Share post:

Професорот од Богословскиот факултет, Ратомир Гроздановски на денешната дебата посветена на улогата на религијата во современото општество, зборуваше за односот на православната црква и државата. Професорот Грозданоски, правејќи пралели од Библјата со општествените прашања ја потенцираше улогата на Црквата во современото опшстество.

-За некои работи кога црквата молчи, тоа значи дека многу кажува. Велат дека некогаш мочењето зборува посилно и од најсилното говорење. Библиски се вели дека најдоброто зборување е како сребро, а молчењето е злато. МПЦ не се впуштала и не се впушта во многу теми во општеството за кои смета дека треба да бидат, или мудро премолчени, или чекање на подобро време за подобно, или успешно рашавање, вели професорот.

Тој потенцираше дека Црквата треба да влијае во општеството, но да влијае за моралноста на општеството особено, за моралноста во власта.

-Православното учење вели дека власта треба да биде давање, а не земање. Добрите луѓе треба да владеат, правејќи добро на луѓето, вели Грозданоски. Како примери на добро однесување на црквата во современото општество го посочи изборот на претседателот Борис Трајковски за претседател, за кого вели дека и Синодот на МПЦ-ОА дал поддршка, иако Трајковски доаѓаше од протестантска верска заедница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...