Почетна Вести Грција ги протера поповите и владиците од училиштата
Грција ги протера поповите и владиците од училиштата

Грција ги протера поповите и владиците од училиштата

335
1

Министерството за образование на Грција им забрани влез на свештениците и Архиереите на Грчката православна црква во училиштата и им забрани да разговараат со учениците.

Министерот за образование Никос Филис испратил циркуларно писмо до сите училишта, во кое наведува дека „на ниту еден Архиереј не смее да му биде дозволено да зборува со децата“. Истовремено министерот наредил и целосна истрага за тоа што во минатото правеле свештениците кога доаѓале во училиштата и што проповедале во разговорите со децата.

На оваа одлука на грчкото министерство, остро реагираше ГПЦ.

Митрополитот Солунски Антим изјавил дека на барање на Министерството за образование на Грција, на Митрополитот Месогејски и Лавреотикиски Николај му било забрането да се обрати кон учениците во едно од училиштата на градот Солун.

-Митрополитот Месогејски Николај пристигна во Солун на барање на учениците за да се обрати во нивното училиште… Кога тој отиде во училишната институција, одговорните лица му рекоа: ’Ние не можеме да ви дозволиме да им се обратите на децата, зашто добивме соодветно решение од Министерството за образование‘. Како е можно тоа? Во Грција, каде што толку многу свештеници се жртвуваа себеси за Татковината, сега е забрането претставниците на Црквата да разговараат со децата. Ова е гонење на Црквата, кое од почетокот имаше неофицијален карактер, но сега ќе биде легализирано“, изјавил Солунскиот митрополит.

Тој потенцирал дека не му е јасно зошто им пречи присуството на клириците во училиштата, нагласувајќи дека тоа се отворени училишта за слободно движење на разни идеи и мислења.

Коментар(1)

  1. Во право е грчкиот министер за просвета и образование. Религијата не е наука и на неа не и е местото во училиштата каде што се изучува науката. Религита е човечка спекулација со свој систем на погледи на животот и светот . И старите Грци и Римјани немале веронаука во гимназиите , туку имале математика, геометрија, драматургија, граматика , филозофија , дедагогија и др. науки, а религијата не била застапена во образовниот систем. Грците имале политеистичка религија со свој добро уреден пантеон. Но членовите на тој пантеон биле со многу лоши карактери и навики и било неприкладно пред децата, учениците да се расправа за нив. Имало богови пијаници, курвари, полигамисти, развратници , а исто така и женските божества не биле морални, туку звавидливи и осветољубиви. Тие не биле поим за добродетели, туку за убавина, неморал и разврат, љубомора и освета. И Римските божества не биле далеку од таквите особини и тие биле или слични или копија на грчките. Она сто важи за грчките и римските божества од политеистичката, незнабожачката религија , по Миланскиот едикт (313 год. по Христа) го присвоиле поглаварите на Христовата црква, со исклучок на секс (барем не јавно) и застапувале монаштво или покасно целибат. Во секој поглед исклучен е падагошкиот момент во религиозен поглед, бидејки религијата сега има улога на фактор кој народот го разединува и го поделува на маси , раси и нации , а клирот го дели на висок-привилегиран и низок- потчинет-се ствара црквена хиерархија. Во црквенната средина строго се дефинираат односите по системот кој е заповедник, а кој е водоноша и мазгар и по манастирите и по парохиите, односно сталеж на владики и сталеж на обични свештенослужители. Бидејки тој систем важи до ден денеска, тука ништо не се види да е нешто полезно од падагошки аспект, а на младите поколенија треба да се делува педагошки и да се поготвуваат за покавлитен живот, опремени со современи општествени и технички знаења, а тоа нешто црквата со својата мисија и знаење од обалста на религијата не може да им го пружи, причини.. Поради тоа на веронауката не и е место в школо, туку в црквено, или џамиско, или самостанско двориште

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *