Почетна Вести Христијанство Грчките владици ги фати хистерија, како во хор: Македонија е грчка, не ја даваме
Грчките владици ги фати хистерија, како во хор: Македонија е грчка, не ја даваме

Грчките владици ги фати хистерија, како во хор: Македонија е грчка, не ја даваме

416
0

Невидена хистерија се случува во грчката православна црква во пресрет на новата рунда разговори меѓу Македонија и Грција, што на 17 јануари ќе се случи во Њујорк под посредништво на медијаторот Метју Нимиц.

Грчките владици еден по еден се редат со ставови кои имаат една единствена заедничка нота, а тоа е дека Грција не смее да прифати решение кое ќе го содржи зборот Македонија.

Речиси сите владици, панично, даваат изјави, праќаат писма до државните власти, шират хистерија дека власта во Грција го продава името Македонија, кое било единствено грчко.

Во тие агресивни јавни настапи на грчката црква се вклучија и грчките манастири на Света Гора.

„Дај други имиња, а не Македонија“. „Црквата се бореше да го задржи грчкиот карактер на нашата Македонија“. „Хеленизмот на Македонија е неразделно поврзан со историјата на Грција 4000 години“. Не разбираме зошто името што историски и културно му припаѓа на нација и држава мора да му се даде на друга држава (или мултинационална држава) чии граѓани немаат историски, расни или културни врски со тоа име“, се само дел од клучните поенти од изјавите на грчките владици.

Дел од нив најавуваат средба на сите владици кои се во епархиите во Северна Грција (егејска Македонија) и утврдување на позиции на дејствување пред разговорите во Њујорк.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *