Почетна Вести Грчкиот владика Андреас до Еди Рама: Северен Епир кога-тогаш ќе се обедини со Грција
Грчкиот владика Андреас до Еди Рама: Северен Епир кога-тогаш ќе се обедини со Грција

Грчкиот владика Андреас до Еди Рама: Северен Епир кога-тогаш ќе се обедини со Грција

274
0

Настрана од дрскоста на Еди Рама, сакал тоа некој или не, Северен Епир кога-тогаш ќе се обедини со Грција, чиј составен дел е, оваа остра порака што на албанскиот премиер му ја упатил грчкиот владика на Kоница, Андреас. Митрополитот чија епархија се наоѓа во непосредна близина на албанската граница е револтиран од ставовите што Еди Рама ги соопштил во интервјуто за атинскиот дневен весник „Естија“. Во интервјуто албанскиот премиер отворено кажа дека за официјална Тирана односите со Грција се најпроблематични од сите соседи.

– Целосната одговорност за собирањето толку многу проблеми е на Грција – потенцирал Еди Рама.

severen epir znameВаквиот став го револтирал грчкиот владика, кој причината за проблемите директно ја посочил на албанската страна. Тој директно ја обвини албанската влада дека не само што не ги почитува човековите права на Грците од Северен Епир туку и отворено спроведува процес на дехеленизација на градот Химара.

– Освен ова, албанската страна тврдоглаво одбива да се соберат и да се погребат коските на херојски грчки офицери и војници, исто како што не се дозволува да се направат грчки воени гробишта во Kорча. Бесрамно се пропагира и т.н. голема Албанија, циркулираат карти на кои Лерин, Kостур, Јанина и други подрачја и припаѓаат на Албанија – наведува грчкиот црковен достоинственик во своето обраќање.

Тој го потсетува албанскиот премиер дека минатата албанска влада донела срамотен закон според кој некои од албанските граѓани со грчко етничко потекло се избришани од Избирачкиот список

– Има и други проблеми на кои ние се жалиме. Да не ги спомнувам другите антигрчки настапи на потомците на криминалците, кои за време на окупацијата правеа злосторства соработувајќи со италијански фашисти, а потоа и со германски нацисти. Поради тоа, единствена одговорност за акумулација на толку многу проблеми и припаѓа единствено на Албанија – потенцира владиката Андреас.

epirОбласта на Северен Епир, која се наоѓа на територијата на Албанија, е главно населена со етнички Грци, а нивниот статус и граѓанските права се предмет на многубројни реакции на грчката и на албанската страна. Пред неколку години токму во градот Химара се случи и инцидент во кој грчките жители се пресметувале со албанската полиција извикувајќи притоа барањата за автономија на Химара.

Грчкиот владика Андреас е еден од оние што постојано ги потенцираат тешката положба и одземените граѓански права на Грците во Албанија. Тој неодамна му префрли на грчкиот министер за надворешни работи Никос Kоѕијас дека не го иницирал прашањето на Северен Епир во текот на посетата на Тирана.

– Тој не постигна апсолутно ништо за Северен Епир. Треба силно да се реагира на махинациите на Албанците, кои систематски, на сметка на нашите браќа таму, им одземаат имот и нивните домови, често во соработка со албанската полиција – изјави тој неодамна.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *