Почетна Вести Регион Грчкиот Синод бара сите владици да одлучат дали ќе ја признаат Автокефалноста во Украина
Грчкиот Синод бара сите владици да одлучат дали ќе ја признаат Автокефалноста во Украина

Грчкиот Синод бара сите владици да одлучат дали ќе ја признаат Автокефалноста во Украина

416
0

Синодот на Грчката Православна Црква се прогласи за ненадлежен и прашањето за признавањето на Украинската автокефалност го пренесе на Соборот на архиереите на ГПЦ.

На првата седница на заседанието на Синодот на ГПЦ, било разгледано писмото од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, во кое тој бара од ГПЦ да ја признае Украинската автокефалност, но исто така било разгледувано и писмото од Рускиот патријарх Кирил, кој пак бара ГПЦ да не ја признава таквата автокефалност, но Синодот одлучил дека за ова прашање надлежен е Архиерејскиот Собор, во кој учествуваат сите епископи и митрополити на ГПЦ.

Точниот датум кога може да се очекува заседание на Соборот, кој по правило не заседава често и тоа само за важни прашања, се уште е непознат.

-Светиот Синод го разгледа писмото на Неговата Светост Вселенскиот патријарх Вартоломеј и писмото на новиот претстојател на Црквата во Украина Епифаниј, како и писмото на Блаженјешиот Московски и на Цела Русија патријарх Кирил. Светиот Синод реши ова прашање да го препрати кон Светиот Собор на Архиереите на Грчката црква, стои во соопштението од Синодот на ГПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *