Грчката православна црква ја одбележа свечената церемонија на конфирмација на новоизбраните архиереи – митрополитот на Дринополис, Погонијани и Коница, Алексиј, и митрополитот на Коринт, Павлос, во присуство на претседателот на Грчката Република, Константинос Тасулас, и атинскиот архиепископ Јероним.
Церемонијата, претставува долгогодишна традиција на Грчката држава, со која се нагласува историската врска меѓу институциите на државата и на Црквата. Потекнува од XIX век, од времето на воспоставувањето на автокефалноста на Грчката црква, кога монархот формално го потврдувал изборот на новите архиереи. Денес, оваа улога симболично ја има претседателот на Републиката, кој присуствува на чинот на потврда како израз на почит и континуитет.
Оваа церемонијата е протоколарен чин со кој државата го признава изборот на Светиот синод и ја потврдува заемната врска меѓу духовната и државната власт во рамките на грчкиот општествен поредок.

