Почетна Вести Регион Грчкиот премиер задутре на средба со Вартоломеј – ќе биде ли автокефалноста на МПЦ на маса?
Грчкиот премиер задутре на средба со Вартоломеј – ќе биде ли автокефалноста на МПЦ на маса?

Грчкиот премиер задутре на средба со Вартоломеј – ќе биде ли автокефалноста на МПЦ на маса?

207
0

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре патува во дводневна посета на Турција, каде покрај со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и со потпретседателот Фуат Октај, ќе се сретне и со вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Според планот на посетата, Ципрас вториот ден од престојот во Турција ќе ги посети „Света Софија” и Теолошката семинарија на Халки, каде ќе има средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, а потоа ќе се сретне и со претставници на Грците кои живеат во Истанбул.

Медиумите во Грција особено значење придаваат на посетата на Теолошката семинарија на Халки, која турските власти ја затворија во 1971 година, бидејќи Ципрас ќе биде првиот грчки премиер од 1933, што ќе ја посети. Во 1933 година, Теолошката семинарија на Халки ја посетил тогашниот премиер на Грција, Елефтериос Венизелос, но во рамки на приватна посета.

Вселенскиот патријарх, во петокот за време на литургијата рече дека „посетата на Халки на премиерот на Грција има особена симболика” и изрази надеж дека средбата Ципрас-Ердоган ќе придонесе за подобрување на односите меѓу Грција и Турција.

На ден пред заминувањето за Турција, Ципрас во интервју за турската агенција Анадолија вели дека за време на неговата посета со неговиот домаќин ќе имаат можност да го продолжат „искрениот дијалог” што почна во декември 2017 година и да ја продолжат „позитивната агенда таму каде што ја оставиле”.

– Грција отвора ново историско поглавје во 2019, каде што зад себе ги остава меморандумите и кризата, влегува во развој, излегува на пазарот, ги продлабочува човековите права, решава проблеми со нејзините соседи, како на пример со Северна Македонија и Албанија и станува столб на мирот и стабилност во регионот со нови соработки на Балканот и во Источниот Медитеран. И во грчко- турските односи, исто така, мора да се создадат услови за историски чекори. Треба да изградиме односи на меѓусебно почитување, засновани на меѓународното право, во корист на нашите народи и на поширокиот регион, вели Ципрас во интервјуто, истакнувајќи дека Грција и Турција во периодот 2015-2016 покажаа дека можат да соработуваат за справување со важните меѓународни предизвици, како што беше бегалската криза.

Вселенскиот Патријарх неодамна најави дека ќе има средба со грчкиот премиер и со грчкиот Архиепископ. На таа средба се очекува да се зборува и за автокефалноста во Украина, но и за најавите за признавање на автокефалноста во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *