Почетна Вести Христијанство Грчкиот митрополит Амвросиос стегна тупаница и извика: Македонија е грчка!
Грчкиот митрополит Амвросиос стегна тупаница и извика: Македонија е грчка!

Грчкиот митрополит Амвросиос стегна тупаница и извика: Македонија е грчка!

221
0

Грчкиот Митрополит на Калаврита и Аигалеја, Амвросиос нуди бесплатен превоз за утрешниот протест во Атина против употребата на терминот Македонија во името на македонската држава.

Митрополитот Амвросиос на својот блог ги повикува неговите браќа да се разбудат и да ги кренат гласот и тупаницата за во Атина на протестот под мотото „Македонија е една и е грчка“.

– Мои браќа, Македонија е грчка. Дел од Грција е изгубен. Разбудете се! Станете! Кренете го својот глас! Кренете ја својата тупаница! Дојдете со нас во Атина! Дојде со нас бесплатно, ние ви нудиме превоз! Мои браќа дојдете во недела на 4-ти февруари во 10 часот да ја продолжиме нашата битка во Атина! Дојдете да ги кренеме нашите гласови со грчкиот народ – пишува Амбросиос.

Текстот на Амвросиос како и обично изобилува со говор на омраза и националистички пораки.

– Кога се плашиш да кажеш дека ја сакаш својата татковина и кога – уште полошо, ја продаваш – тоа не е расизам. Кога не се плашиш да кажеш дека ја сакаш земјата и имаш храброст тоа да го извикаш гласно, тоа не е национализам, тоа е патриотизам. Остани лојален на националната линија од 1992. Име без терминот Македонија- стои во текстот на грчкиот митрополит.

Претходно грчкиот архиепископ Јероним во изјава за весникот Kатимерини вели дека прашањето за името е национално и не може да ја остави рамнодушна Грчката Црква и додава дека нивната соседна држава го узурприрала името Македонија кое не им припаѓа на соседите туку е грчко.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *