271
0
Атинскиот архиепископ Јероним е позитивен на Ковид 19, пренесуваат грчките медиуми. Тој бил хоспитализиран на болничко лекување, откако тестот покажал дека има коронавирус.
Грчката црква изминатиов период покрена процес на тестирање кај владиците, откако на последната седница на Синодот било утврдено дека еден од учесниците бил со Ковид 19.
Инаку Јероним е третиот поглавар на православна црква кој е заразен со Ковид 19. Освен него во критична состојба е српскиот Патријарх Иринеј, а позитивен на вирусот е и Албанскиот архиепископ Анастасиј.