Грчки војник за време на Балканските војни: Тие не се Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, тие се православни Македонци

Date:

Share post:

Во романот „Живот во гробница“ авторот Стратис Миривилис, кој бил грчки војник учесник во Балканските војни, пишува дека кога војувал и на територијата на Македонија таму немало ни Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, туку само православни Македонци. Романот, објавен уште во 1924 година, главно е базиран на неговиот дневник за време на војните.

Стратис Миривилис (1890-1969) бил војник 10 години, учествувал и во Првата светска војна и во походите во Анадолија 1921 и 1922 година. Воените искуства имале пресудно влијание врз неговиот понатамошен живот, така што тој се вратил во родното место на Лезбос како верен пацифист. Тука работел како новинар и писател. Миривилис бил член на Академијата во Атина, а по војната и претседател на Друштвото на грчките писатели. Во 1960 година бил номиниран за Нобеловата награда за литература.

„Сè на сè, ова грчко лудило, несмасност, е дефект овде. Тоа е подземна војна“, вели главниот лик во романот „Живот во гробница“.

Кога грчката војска ја нападнала Македонија, Миривилис стапил во контакт и со Македонци. Тој пишува дека тие иако од негова гледна точка зборуваат речиси ист јазик како Србите и Бугарите, тие се сметаат себе си само за „православни Македонци“… ниту „Бугари“, ни „Сррп“ или „Гкрртс“… Така пишува Миривилис во својот роман.

„Тоа се селани чиј јазик е сличен на јазикот на Бугарија и Србија. Тие не ги сакаат Бугарите затоа што им ги земаат децата во војска. Ги мразат Србите затоа што ги викаат „Бугари“. Тие покажаа сочувство за нас бидејќи ние сме навистина духовни претставници на „православниот патријарх на Константинопол“…

/МКД.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...