Почетна Вести Регион Грчки владика тврди дека Бог ја казнил Грција поради Ципрас
Грчки владика тврди дека Бог ја казнил Грција поради Ципрас

Грчки владика тврди дека Бог ја казнил Грција поради Ципрас

354
0

Еден од грчките владици повторно се најде на насловните страници, откако напиша скандалозен коментар дека пожарите во Атина биле казна од Бог поради атеистичкиот премиер Алексис Ципас.

Митрополитот Амвросиос, кој и онака е познат по скандалозните ставови, овој пат го навлече гневот на грчката, но и на целокупната црковна јавност, или како што стои во еден коментар „Овој пат, потврдата дека може да бидеш толку многу злобен доаѓа од устата на еден човек кој тврди дека е еден од Светите луѓе на Грчката православна црква, доаѓа од никој друг туку од Митрополитот Амвросиос. Светиот човек со бескрајна омраза во неговата душа не се срами да тврди дека пожарите биле Божји гнев поради премиерот атеист“.

Овој грчки владика посвети цел коментар за пожарите во кои меѓу другото напиша:

– Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го навлече Божјиот гнев. Грција е уништена од дожд и оган!.

Опишувајќи го Ципрас како „лицемер“ поради тоа што ја прекина неговата посета на Босна за да се врати во Атина во понеделникот вечерта, Амвросиос пишува „атеистите на СИРИЗА се причините за општата катастрофа! Нивниот атеизам го навлече Божјиот гнев!“

Цитирајќи го Светиот Дух , како што е наведен во Новиот завет, Амвросиос ги наведува неговите заклучоци дека поради оддалечување од Бога се случуваат разни природни катастрофи како што се земјотреси, глад, епидемии и болести, крвопролевање, криминал и катастрофални пожари.

– Кој, се прашувам, е одговорен за оддалечување на модерниот Грк од Божјиот пат? Кој? Атеистичкиот премиер, г-дин Алексиос Ципрас и неговите соработници: еве ги нивните достигнувања“, пишува Амвросиос и објавува долга листа на достигнувања на „атеизмот“.

Тој започнува од фактот дека Ципрас ниту „ги крстил своите деца“ ниту „се оженил со својата девојка“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *