Почетна Коментар Грчки владици бакнуваат десница на националисти
Грчки владици бакнуваат десница на националисти

Грчки владици бакнуваат десница на националисти

348
0

Оваа фотографија е од денешниот протест во Атина на грчките националисти кои протестираа против Македонија.

Фотографијата е своевиден парадокс и чиста претстава за тоа како грчките великодостојници разбираат христијанство.

На сликата се гледа еден од грчките владици, најверојатно митрополитот Доротеос, еден од неколкуте грчки архиереи ученици на протестот. Владиката му бакнува рака главниот протагонист на антимакедонската политика, грчкиот композитор Микис Теодоракис.

Овој 93 годишен композитор, а пред се политичар од деведесетите, денеска  прв се обрати на големиот протест во Атина, свикан против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја.

– Ако една грчка влада помисли да го стави потписот на земјата за сложено име, нема друг избор освен да го праша грчкиот народ. Упатувам повик до пратениците, кои го имаат тоа право да побараат референдум. Јас сум патриот, го презирам и се борам против фашизмот во сите негови облици,но и во најопасниот облик – левоориентираниот, порача грчкиот композитор Теодоракис.

Веднаш по говорот на Теодоракис, на присутните им се обрати митрополитот Доротеос како претставник на Светиот синод на ГПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *