Грчката црква загрижена за односот со државата

Date:

Share post:

Грчката православна црква изразува сериозна загриженост за предизвиците со кои се соочува во односите со државата. Првиот ден од седницата на Светиот синод на ГПЦ заврши до неколку пораки од атинскиот архиепископ Јероним за геополитичката и социјалната состојба, во и надвор од границите на Грција

Јероним нагласил дека Грција продолжува да се соочува со предизвици чија суштина, како што вели Јероним е:  „различна од површинските феномени, таа е духовна; тоа е криза на активна вера и вредности, директно поврзани со секуларизацијата и нејзините принципи“.

Според него корените на овие причини за проблемите и во Грција и на меѓународно ниво лежат во „заборавањето на Бога, отсуството на знаење за Бога, не идеолошко, туку искуствено и партиципативно знаење, кое, доколку постоеше, барем би довело до основно расудување, дозволувајќи ни да разбереме кој е вистинскиот проблем на човекот, а што е лажно и илузорно“.

Архиепископот понатаму ја нагласил виталната важност, и за Црквата и за општеството, од тоа да има способно и добро обучено свештенство, опремено со потребните знаења и вештини за да ги задоволи потребите на црковната служба денес. Тој ги повика архиереите да поддржат три главни столба што се однесуваат на иднината на Црквата: Свештеничкото семејство, Училиштата за обука на кандидати за свештеници и доживотното образование на свештенството.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...