Почетна Вести Христијанство Грчката национална телевизија ЕРТ ја пренесуваше „во живо“ заедничката литургија во Фанар
Грчката национална телевизија ЕРТ ја пренесуваше „во живо“ заедничката литургија во Фанар

Грчката национална телевизија ЕРТ ја пренесуваше „во живо“ заедничката литургија во Фанар

226
0

Грчката национална телевизија ERT на својот сателитски канал ERT World вршеше директен пренос од првата заедничка Патријаршиска и синодална света литургија меѓу вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г.г. Стефан.

Со тоа, освен македонската јавност која преку МРТВ имаше можност да го проследи чинот на воспоставување богослужбено и канонско единство единство на Охридската Архиепископија со останатите православни цркви, за отстранувањето на повеќедецениската шизма наложена врз нашата црква, сведочеа и гледачите на грчкиот јавен сервис.

ERT World е телевизиски канал кој во најголема мера е фокусиран на огромната грчка дијаспора која преку него се информира за случувањата во својата татковина.

Грчката публика денеска за прв пат можеше да чуе молитва и беседа и на македонски јазик.

На литургијата предводена од поглаварите на двете цркви присуствуваа и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ и монахињи од манастирот Рајчица „Свети Георгиј Победоносец“.

На Патријаршиска и синодална света литургија присустваа и стотици верници од земјава, кои специјално допатуваа во Истанбул по повод значајните настани кои деновиве се случуваат во древниот Фанар.

Во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Фанар, Истанбул  беше и владина делегација во која покрај премиерот Димитар Ковачевски беа и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски.

/360 Степени

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *