Почетна Вести Христијанство Грчката црква нема да остане рамнодушна при евентуален договор за името на Македонија
Грчката црква нема да остане рамнодушна при евентуален договор за името на Македонија

Грчката црква нема да остане рамнодушна при евентуален договор за името на Македонија

344
1

Грчката црква се буди и најавува дека нема да остане рамнодушна во евентуелен догвоор за името на Македонија.

Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним и грчките владици денеска и официјално ќе го соопштат ставот, пред се во поглед на користењето на терминот „Македонски“.

Јероним изјавил дека дека црквата не може да остане рамнодушна околу темата за името на Скопје.

-За една ваква тема основна за нашата татковина, црквата не може да остане рамнодушна, ќе земе и таа свој став. Можеби не толку за некоја поопшта поставеност итн., но во однос на името – во секој случај. Верувам дека утре ќе има соопштение“, изјавил Архиепископот јероним.

И Митрополитот на Сијатица г. Павле, вели дека „ако се случи позади ова да се кријат иредентистички аспирации, тоа ќе биде навистина една тема не што ќе се затвори, туку просто ќе се отвори“.

За темата зборувал и Митрополитот на Нова Смирна г. Симеон.

-Имаме дополнителна причина поради чувствителноста како црква за фактот што терминот македонска, во моментов го употребува и шизматичката црква на Скопје, изјавил Митрополитот Симеон.

Коментар(1)

  1. Абре аман … сигурно им имаат нешто ставено во кафето …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *