Почетна Вести Грчката црква е во тешка финансика криза, од 23 милиони евра, сега заработува само 6 милиони годишно
Грчката црква е во тешка финансика криза, од 23 милиони евра, сега заработува само 6 милиони годишно

Грчката црква е во тешка финансика криза, од 23 милиони евра, сега заработува само 6 милиони годишно

269
0

Грчката православна црква е во голема финансиска криза, пишува грчки Катимерини. Црквите и манастирите се дават во долгови, кои не можат да ги подмират, ниту пак можат да ги исплатат платите на вработените, ниту пак сметките за режимските трошоци на објектите. Грчкиот весник пишува дека поради ова, Црквата е принудена да ги продава имотите за да соберат пари за секојдневните активности.

Финансиската криза особено ги погодува социјалните програми на Црквата, особено народните кујни.

Катимерини пишува дека приходите на црквата се паднати за околу 75% во споредба со 2008 година.  Тогаш годишниот приход на ГПЦ бил околу 23 милиони евра, а денес приходите се движат околу 6 милиони евра.

Грчката православна црква поседува акции во компании, но и голем имот од кој вади приходи по основ на наме.

Кризата што ја зафати државата сериозно се одрази и на работата на Црквата. Веќе со години Црквата не добива дивидента од акциите кои ги поседува.

crkva grckaГПЦ поседува околу 19.000 хектари обработлива, 700 парцели, 400 бизнис деловни објекти, 260 станбени објекти кои ги издава под кирија.

Според евиденцијата на ГПЦ досеа се продадени 123 црковни имоти, голем дел од нив продадени на државата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *