Почетна Вести Регион Грчката армија доби Светец за заштитник
Грчката армија доби Светец за заштитник

Грчката армија доби Светец за заштитник

478
0

Синод на Грчката Православна Црква, на заседанието од 1 – 2 ноември 2017 година, одлучил Преподобниот Пајсиј Светогорец да го прогласи за заштитник на грчката војска.

Оваа одлука на грчката црква била на барање воените капелани на Генералштабот на Националната одбрана на Грција. Инаку Свети Пајсиј служел како телеграфски оператор во грчката војска за време на Граѓанската војна.

Овој светител, кој ужива огромен култ во грчката црковна јавност бил роден во Кападокија како Арсениос Езнепидис во 1924,а живееше до 1994).

Од Кападокија кратко време пред размената на население меѓу Грција и Турција, неговото семејство се преселило во во Коница, Епир, каде што го изучил столарскиот занает. Во текот на Грчката граѓанска војна служел како радио-оператер. По војната, во 1950 година заминал на Света Гора каде по четири години станал монах, добивајќи го името Пајсиј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *