
Градоначалникот на Охрид во посета на Бигорски и на средба со отец Партениј
Новоизбраниот градоначалник на Огрид, Кирил Пецаков бил на средба со Епископот г.Партениј, во Бигорскиот манастир.
Посетата била на денот кога Православната црква го празнува споменот Свети Јаков Брат Божји и спроти навечерието на Митровденската задушница.
-Господин Пецаков, кој и претходно беше одржувал пријателски контакт со нашиот Манастир, беше пречекан во духот на манастирското гостољубие и оствари средба со нашиот Старец и Игумен. Овој млад, образован и перспективен градоначалник ја искажа својата поддршка за човекољубивата дејност на нашиот Манастир, истакнувајќи ги заложбите на нашиот Старец за подобро и похумано општество. Му посакуваме добра и богоугодна служба, за слава Божја и во полза на сите граѓани на општина Охрид, велат од Бигорски.