Почетна Вести ГПЦ: Мигрантите палат икони и уништуваат цркви
ГПЦ: Мигрантите палат икони и уништуваат цркви

ГПЦ: Мигрантите палат икони и уништуваат цркви

230
0

Од ден во ден се повеќе станува очигледно дека мигрантите, бегалците и илегалците се освојувачи на Грција, тврди Калавритскиот митрополит Амвросиј од Грчката православна црква.

Според него, политичкиот систем ги прифаќа, штити и им создава поволни услови за живот.

– Еден министер од владејачката партија кажа отворена глупост дека со помош на мигрантите ќе се решат демографските проблеми на Грција. Како што гледаме Владата ги брани освојувачите на нашата земја. Но, освојувачите-доселеници веќе ги започнале своите деструктивни активности. Ги симнуваат иконите од ѕидовите на храмовите и ги користат за огрев, потенцирал г.Амвросиј.

Вели дека мигрантите од митрополитот Серафим во пристаништето Пиреја барале да го симне православниот крст, во училиште во градот Кавала ја симнале иконата на Богородица и барале да не ѕвонат црковните камбани, а пак, во солунскиот регион муслиманите делеле брошури на грчи со содржина дека Грците треба да веруваат во зборовите на пророкот Мухамед, со што ќе бидат спасени.

– Разбудете се! Станете од летаргичниот сон! Погледнете што се случува околу нас. Грција пропаѓа! Исчезнува нашиот православен и национален идентитет. Зарем сакате да се предадете без битка? Размислете, упатил митрополитот Амвросиј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *