Почетна Вести Христијанство Гости од три сестрински цркви на именденот на Партениј во Бигорски
bigorski sosluzivanje
bigorski sosluzivanje 1
bigorski sosluzuvanje 2
bigorski sosluzivanje 3
bigorski sosluzivanje 4
bigorski sosluzivanje 5
bigorski sosluzivanje 6
bigorski sosluzivanje 7

Гости од три сестрински цркви на именденот на Партениј во Бигорски

3.40K
0

Гости од три православни сестрински цркви сосолужувале во Бигорскиот манастир за именденот на епископот Партениј, игумен на Бигорската Обител.  Заедно со надлежниот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј во литиргијата учествивале претставници на Вселенската патријаршија, Александриската патријаршија и Црквата на Грција, а меѓу гостите биле и студенти по теологија од неколку држави.

Епископот Аморејски и Игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун Никифор од Вселенската Патријаршија, бил придружуван од студентите по теологија од разни земји и црковни јурисдикции сместени во манастирскиот интернат кај него. Од Вселенската патријаршија бил и Архимандритот Калиник, и еден монах од Имврос како претставници на Митрополитот Имвроски и на Тенедоски Кирил. Од Александриската патријарпија бил јероѓаконот Партениј од Танзанија.  Архимандритите Матеј и Херувим биле гостите од Црква на Грција, а меѓу нив бил и ѓакон  Хризостом од Света Гора со и неколку светогорски отци.

-На Божествената Евхаристија ѝ претходеше уште еден прекрасен дар за присутните – ангелогласната хармонија на двата распеани хора, светогорскиот и бигорскиот, што за време на празничната утрена богослужба ги галеа нашите души, величајќи го, низ вдахновено составените стихири, големиот Лампсакиски Светија, чиешто име, со подражание и смерност, го носи бигорскиот Старец и владика. Навистина богата духовна гозба за бројните вљубеници во Христа и поклоници пред подвигот и светоста на чудотворецот Партениј, збогатена со благодатно присуство на Светиот, видливо во радоста што ги опфаќаше срцата. Се радуваше и нашиот благ Христос, гледајќи како Неговите чеда од разни места во светот, во еден дух, со слеана молитва, братољубиво служејќи го литургиското тајноводство, ја сведочат Неговата заповед да бидеме едно, велат од Бигорски.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *