Почетна Вести Гости од Света Гора, Бугарија, Грција и Албанија се поклонија пред моштите на Свети Јоаникиј
Гости од Света Гора, Бугарија, Грција и Албанија се поклонија пред моштите на Свети Јоаникиј

Гости од Света Гора, Бугарија, Грција и Албанија се поклонија пред моштите на Свети Јоаникиј

2.62K
0

Свештеници, монаси и монахињи од Грција, Бугарија и од Света Гора биле гости на чинот на канонизација на Светиот Јоаникиј Ракотински, што Синодот на МПЦ-ОА денеска го изврши во Соборниот Храм во Скопје.

Според информациите на Религија.мк денеска во Скопје била група монахињи од Клисурскиот манастир во Бугарија. Меѓу нив било и монашкото сестринство на монахињата Таиса, кои во 2005 година го напуштија Вранишковски и заминаа во Бугарската Православна Црква кај Митрополитот Дометијан, кој минатата недела почина. Покрај монахињите од Македонија во групата имало и монахињи од Бугарија.

На чинот на канонизацијата присуствувал и отец Матеј од Митроплијата во Бер на Грчката Православна Црква, која поседува и честица од моштите на Светиот Јоаникиј.

Религија.мк дознава дека во Скопје денеска во Соборниот Храм гостин бил и монах од манастир на Света Гора, каде исто така се почитува делото на Јоаникиј ракотински.

На канонизацијата свој претставник имала и Албанската Православна Црква. Според нашите информации тоа бил отец Тодиј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *