Ѓорѓиевски: Следува инфраструктурен бран во Бутел – кружен тек, нови улици и мега парк

Date:

Share post:

Изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и формирање на модерен мега парк. Ова како дел од својата програма денеска го најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како дел од низата капитални проекти за Општина Бутел.

– Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред во сообраќајот. Сакаме град со нула фатални несреќи до 2030 година, изјави Ѓорѓиевски.

Паралелно со тоа, ќе следи и целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, вклучувајќи нов асфалт, пешачки патеки, осветлување и атмосферска канализација за решавање на долгогодишниот проблем со поплави.

Планирано е и поврзување на „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со што ќе се намали метежот и ќе се подобри пристапот кон Бутел.

Меѓу пошироките проекти се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, а на урбанистички план, Бутел ќе добие и нов модерен мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со зелени површини, детски и спортски содржини.

Ѓорѓиевски најави и ревитализација на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

-Овие проекти се дел од визијата за Скопје како безбеден, функционален и модерен град кој се развива во корист на граѓаните, порача тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...