Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов модерен Луна Парк и целосна обнова на Зоолошката градина

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави изградба на нов, модерен Луна Парк и целосна реконструкција на Зоолошката градина, како дел од неговата визија за враќање на радоста и современиот дух во главниот град.

-Скопје мора повторно да стане град во кој детството има свое место, своја радост и свој дом, изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека по долгогодишно одолговлекување и празни ветувања, конечно ќе започне изградбата на нов Луна Парк со европски стандарди за безбедност, ролеркостери, водени атракции и зони со виртуелна реалност.

Ѓорѓиевски нагласи дека паркот ќе биде достапен и за лицата со попреченост, со обезбеден систем за безбедност, видео надзор и служба за прва помош.

Паралелно, ќе се спроведе и целосна обнова на Зоолошката градина – со нови услови за животните, подобрени работни и посетителски стандарди, поставување топлински пумпи, нови кровови, центар за хипорехабилитација и дигитален систем за наплата преку Skopje City GO.

-Ова не се луксузни проекти, туку инвестиции во здравото детство, семејството и иднината на Скопје, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овие проекти градот ќе стане поуреден, повесел и попривлечен за сите генерации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...