Ѓорѓиевски: Мегапарк кај Лепенец и серија инфраструктурни проекти во Карпош

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави почеток на големи урбанистички и еколошки проекти во општина Карпош, вклучувајќи го изградбата на Мегапарк – Лепенец. Според неговите најави, новиот парк ќе треба да се протега по течението на реката Лепенец, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, со вкупна површина од над 300.000 квадратни метри, и ќе биде првиот мегапарк што ги поврзува повеќе скопски општини.

Паркот ќе биде наменет за рекреација, спорт и семејни активности, а ќе вклучува и зелени коридори со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите и јавните институции. Ѓорѓиевски најави дека овој проект е дел од пошироката визија за „зелено Скопје“, која предвидува и проекти како Мегапарк Вардариште, Градска шума „Расадник“ во Кисела Вода, мега парк долж булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, како и „Скопски зелен архипелаг“ со 50 нови маалски паркови низ градот.

Покрај парковите, Ѓорѓиевски најави и значајни инфраструктурни проекти. Меѓу нив се доизградбата на булевар „Љубљанска“, со поврзување на мостот до улицата „Скупи“, клучката „Момин поток“ и реконструкцијата на улицата „Загребска“, важна за пристапот до Детската болница „Козле“.

-Со овие проекти градиме Скопје по мерка на човекот – каде зеленилото, мобилноста и квалитетот на живот одат рака под рака“, порача Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека целта е Карпош и другите општини да станат современи, функционални и зелени урбани средини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...