Почетна Вера МПЦ-ОА Горан Вангелов прв до светиот крст во Берово
Горан Вангелов прв до светиот крст во Берово

Горан Вангелов прв до светиот крст во Берово

101
0

Беровчанецот Горан Вангелов е најсреќниот меѓу триесетината учесници, кој го фати светиот крст во водите на реката Брегалница во Берово, при денешното чествување на големиот празник Богојавление-Водици.

Беровскиот градоначалник, Звонко Пекевски му посака многу среќа и успех на Вангелов и на сите учесници им порача истата среќа да ја имаат следната година.

– Општината ја поддржува традицијата, искрени честитки за сите кои се охрабрија и покрај ладното време да влезат во водите на Брегалница, на сите беровчани им посакувам да ги следи здравје и среќа. Најбитно денеска е мотивот и вербата на овие бројни млади момци кои учествуваа во фаќањето на светиот крст, додаде Пекевски.

Вангелов очекува здравје и среќа да го следи годинава.

– Чувството е прекрасно, а здравјето е најважно за секој еден човек. Ми беше чест да учествувам за традицијата на Водици, рече Вангелов.

Среќниот фаќач на крстот од општината доби шест илјади денари како и телевизор кој го додели општествено одговорната компанија „Зегин“.

Чинот на осветување на водите го водеа свештениците од црквата во Берово.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *