Почетна Вести Големо сеноќно бдение на 8 април во Пресвета Богородица во Скопје
Големо сеноќно бдение на 8 април во Пресвета Богородица во Скопје

Големо сеноќно бдение на 8 април во Пресвета Богородица во Скопје

404
0

Големо сеноќно бдение посветено за светите Пречистански преподобномаченици ќе се случи 8 април 2016 во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

precistanskiИницијативата е на монаштвото на МПЦ, а за бдението има благослов од Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

Со бдението ќе началствува Поглаварот на Македонската православна црква, во сослужение на архимандритите од македонските манастири.

На бдението ќе пеат хоровите при братствата на Бигорскиот и Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“. Литургијата ќе започне во два часот по полноќ, а настанот почнува почнува во 22 часот.

Исто така, во прилог на ова духовно чествување, на 8 и 9 април, во истиот храм ќе се одржи и црковен саем на книгата, на кој учество ќе земат издаваштвата при епархиите на МПЦ – ОА.

Пречистански преподобномаченици беа прогласени за светци од МПЦ во 2012 година. Станува збор за македонски православни монаси од манастирот Света Богородица Пречиста во Кичево. За Христовата вера настрадале во 1558 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *