Почетна Вера Голема празнична литија во Виница, почна градбата на нова камбанарија
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Голема празнична литија во Виница, почна градбата на нова камбанарија

251
0

Општина Виница го одбележа празникот патрон на Градот, Павловден со голема градска литија. Црковната поворка со Иконата на Апостол Павле ја предводел митрополитот Брегалнички, г. Иларион, свештеници од епархијата, монаси, градските власти и голем број верници.

Литијата, што во последно време во Македонија, почнува да се практикува како масовен начин на одбележување на големи празнични настани, почнала  од храмот „Св. Архангел Михаил“ до Градскиот Плоштад во Виница, а потоа до параклисот посветен на „Св. Апостол Павле.

Митрополитот Брегалнички г. Иларион потоа го осветил камен – темелник за изградба на камбанарија при храмот во изградба посветен на „Св. Апостол Лука“ во Виница.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *