Почетна Вести Христијанство Голема меѓународна конференција за Света Софија во Охрид и во Струга
Голема меѓународна конференција за Света Софија во Охрид и во Струга

Голема меѓународна конференција за Света Софија во Охрид и во Струга

273
0

Еминентни теолози од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Италија, Словенија и од Босна и Херцеговина три дена ќе бидат дел од големата меѓународна конференција посветена на Света Софија.

Настанот почнува денеска 11-ти и ќе трае до 13-ти октомври 2019 година во Охрид и Струга. Меѓународната конференција е насловена „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“ и е во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Еден дел од конференцијата е посветен на храмот на охридските архиепископи именуван по Мудроста – црквата „Света Софија“ во Охрид, нејзината историја, архитектура, фрескоживопис и уметност, додека другиот дел е восредоточен на мудроста во Библијата, теологијата, философијата и во традицијата на Црквата.

Отворањето на конференцијата е предвидено за во 17 часот на 11 октомври 2019 година во црквата „Света Софија“ во Охрид, на кое ќе се обратат Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *