Почетна Вести Голема ифтар вечера во организација на Општина Карпош
Голема ифтар вечера во организација на Општина Карпош

Голема ифтар вечера во организација на Општина Карпош

129
0

Околу 190 граѓани од Горно, Средно и Долно Нерези, имамите од џамиите, како и други гости од скопските општини, присуствуваа на традиционалната Ифтар вечера што секоја година ја организира Општината Карпош.

iftar stevco 2Градоначалникот Стевчо Јакимовски на своите сограѓани од муслиманска вероисповест им ги честиташе рамазанските пости, како и големиот муслимански Празник Фитер Бајрам, кој годинва се одбележува на 5 јули.

Овој празник е од големо значење за припадниците од муслиманска вероисповед и токму затоа се празнува во состав на заедницата, со цел заеднички да се обележи денот на постите. Повеќето муслимани сметаат дека е исклучително побожно и добро дело, да се нахранат сиромасите и да им се понуди ифтар, велат од општината.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *