Голем Собор за Соборот на сите македонски светители во Гевгелија

Date:

Share post:

Македонската православна црква го одбележа денот кога се чествува Соборот на сите македонски светители. Литургијата беше во црквата “Св. Кирил и Методиј” во Гевгелија.

Во организација на Повардарската епархија на МПЦ-ОА беше организиран и традиционалниот “Семакедонски црковно-народен собор”.

Со Архиерејската литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а му сослужуваат владиците Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков, заедно со бројно свештенство и монаштво на МПЦ-ОА.

На Соборот, Поглаварот Стефан, упати апел за духовно и национално обединување на македонскиот народ.

Традиционално, на светата Литургија присуствуваа верници од цела Македонија и дијаспората, а меѓу присутните беа и градоначалниците на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на Општина Велес, Марко Колев и на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img