Почетна Вести Христијанство Голем собир на македонската православна младите од Австралија
Голем собир на македонската православна младите од Австралија

Голем собир на македонската православна младите од Австралија

241
0

Недела попладне, 1ви Декември 2019 година, во манастирот Свети Климент Охридски, Македонската Православна Младина на Австралија (МОYА) одржа семинар на тема “Зошто би одел во црква?“. Семинарот е 13ти по ред и секоја година МОYA истражува различен аспект во врска со православието. Присуствуваа над 120 лица.

Оваа година имаше голем број гости-говорници, како и отец Гаврил Галев кои ги повикаа луѓето да живеат според своето библиско наследство и да ги практикуваат заповедите на Бога и на Црквата.

Во Црквата е мислата на животот и единствено место и начин каде можеме да оствариме заедница со Бог, преку енергиите Божји и светата причест. Заедничарејки со Него и причестувајки се и ние стануваме бесмтни и совечни со Него. Гревот е причината за нашата паднатост и смрт, па бивајки Црква, која е тело Христово, ние го победуваме гревот и смртта нема сила над нас. Единствен кој ја победил смртта е Богочовекот Исус Христос. Затоа Христос е центар на се и критериум за сите вистински вредности. Без него и Надвор од Него е ништо и нема смисла. Без Него е невозможно да ја победиме смртта и наследиме живот вечен.

Со редовното посетување на Црквата, со кое не само што расте нашиот личен однос со Бога но и ни овозможува да растеме во верата, љубовта и надежта, основните карактеристики за добар христијански живот. Ако сите би растеле во овие аспекти, неизмерно би ја зајакнале нашата заедница, и повеќе не би биле поделени. Отец Гаврил, исто така, истакна на фактот дека нашиот јазик, култура и уметност исто така потекнуваат од нашите христијански корени, отворајќи го патот до народот што сме денес. Доказ за ова лежи и во фактот дека коренот на нашата современа азбука ја создадоа нашите светци Св. Кирил и Св. Методиј.

Другите говорници на денот беа Мара Атанасовска, Даниела Затаракоска, Лила Марушевска и Дејан Змејкоски. Сите говорници презентираа свои лични искуства зошто одат во Црква и зошто продолжуваат да го прават тоа. Говорниците исто така нагласија колку е значајно одењето во црква и зошто треба да тоа да го цениме. Имено, како што десетте заповеди го отворија патот за цивилизираното општество и дека моралот за донесување добри одлуки, особено за младите, може да се постигне само преку Црквата. Говорниците истакнаа дека основата за добри одлуки во животот произлегува од христијанскиот морал, а дека сè друго на земјата, дури и граѓанското право, е предмет на промена. Непрактично е да го засноваме вашиот морал на систем што постојано се менува, затоа базирајќи го на црковниот систем кој е непроменет 2000 години тој ни обезбедува правилен начин на кој да ги живееме нашите животи и е најдобриот начин за живеење на животот. Да не се лажи и да не се мами, да не се врши прељуба, да се почитуваат родителите, да се почитуваат сите и да го сакате својот ближен и многу други поуки се императив за создавање на стабилна заедница и продуктивни и здрави личности.

МОYА можете да ја следете на Facebook и Instagram.

https://www.facebook.com/MOYA.MPC/
https://www.instagram.com/moya.mpc/

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *