Почетна Вера МПЦ-ОА Голем Крчин и годинава ги дочека монасите и верниците за божествена литургија
Голем Крчин и годинава ги дочека монасите и верниците за божествена литургија

Голем Крчин и годинава ги дочека монасите и верниците за божествена литургија

165
0

Братството од Бигорскиот манастир и сестринствата од манастирите „Свети Георгиј Побдоносец“ од дебарското село Рајчица и „Пресвета Богородица Пречиста“ – Кичево, предводени од благословот на архимандрит Партениј, отслужија божествена литургија на врвот Крчин, што се наоѓа на надморска височина од 2.341 метар.

Традицијата што ја почнаа монасите и монахињите пред четири години по повод големиот празник Преображение, станува еден од најомилените настани, кој од година во година привлекува се поголем број верници. Годинава имаше верници двапати повеќе од лани.

„Во присуство на повеќе од 600 верници, планинари, алпинисти, спортисти и вљубеници во православната богослужба и во природните убавини, имавме една прекрасна можност, заедно со сите нив да му ги произнесеме на нашиот Господ своите молби и топлото душевно расположение. Оти, навистина голем е подвигот човек да се искачи на овој чудесен по својата убавина врв и таму, во близина на остатоците од
некогашниот храм посветен на Преображението Христово, да се прсуствува на богослужба која како да се одвива на небесата“, велат од Бигорскиот манастир.

И годинава за безбедноста на сите присутни се грижеше Единицата за спасување на планини и непристапни терени од Црвениот крст од Охрид, како и членовите на Црвениот крст од Битола, а имаше и лиценцирани водичи од Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП) и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

Нивната помош, поткрепа и професионалност, според организаторот, беа навистина од особено значење за добрата организација и реализација на оваа молитвена рута.

„Управувајќи ги сите наши сили кон искачувањето на овие небесни висини, заедно со сите присутни, кои не имаше од сите делови на нашата земја, споделивме навистина ретко и благословено искуство да присуствуваме на необичната богослужба. Чиниш се соединуваат небото и земјата и заедно ликуваат, вознесувајќи му благодарност на Бога за големите добрини со кои тој ги исполнува нашите души“, изјави Чедомир
Петревски, студент на Факултетот за физичка култура.

На врвот Крчин во 2016 година првпат по 80 години беше отслужена литургијата на местото каде што некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.

Литургијата ја служат јеромонаси и јероѓакони од бигорското братство. Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во западнот дел на државата, кој се извишува над селото Битуше.

Планината се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец ШараКораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *