Почетна Вести Христијанство Голем јубилеј во Струга- 750 години од на иконата Свети Ѓорѓи
Голем јубилеј во Струга- 750 години од на иконата Свети Ѓорѓи

Голем јубилеј во Струга- 750 години од на иконата Свети Ѓорѓи

555
0

Утре недела на 24. 12. 2017 година со свечена архиерејска богослужба во Струга , во црквата Св. Ѓорѓи, свечено ќе бидат одбележи 750 години од -сликањето на иконата на св. Ѓорѓи (1267-2017 г.), патронот и заштитник на црквата и на градот Струга.

Иконата на св. Ѓорѓи припаѓа на групата од неколуте најстари икони во Македонија и поседува особено културно-историско значење, и високи стилско – ликовни и уметнички особености.

Иконата на св. Ѓорѓи е насликана во 1267 година во Струга од зографот Јован, кој по потекло бил од Неаполис или Крстопол на брегот на Пиерејскиот залив источно од Кавала, а ктитор кој ја нарачал иконата бил референдарот на Охридската Архиепископија, кој исто така се викал Јован. Овие основни податоци за иконата се содржани во ктиторскиот натпис испишан од задната страна на иконата. Ктиторот, референдарот Јован во историските извори од времето на 60-тите и 70-тите години на 13 век често се спомнува и тоа секогаш во улога или на ктитор – приложник или пак во улога на претставник на Архиепископијата кој бил задолжен за следење и организирање на уметничката активност во рамките на диецезата на Охридската архиепископија. Неговото име се спомнува и во ктиторскиот натпис во црквата Св. Никола во Манастир, Мариово од 1271 година, а се мисли дека тој е поврзан и со изградбата и живописувањето на црквата Св. Архангел Михаил во Прилеп, која датира од осмата деценија на 13 век, вели д-р Сашо Цветковски.

Иконата е влезена во сите значајни прегледи на византискиот иконопис од втората половина на XIII век, и во каталозите на најубавите дела на средновековниот иконопис од Македонија.

Откривањето на иконата во 1959 г. се совпадна со времето кога се правеа подготовките за големата изложба на иконите од Југославија во рамките на XII Меѓународен конгрес на византолозите во Охрид 1961 година. На големата, и од светско значење изложба во тремот на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, своето место и  иконата на св. Ѓорѓи од 1267 г. Тогаш за првпат се објави во обемниот каталог кој ја придружуваше оваа исклучително значајна изложба.

Набргу по изложбата во 1961 година, за иконата на св. Ѓорѓи од 1267 година, интерес пројавија не само историчарите на уметноста туку и историчарите и филолозите. Во годините кои следеа се исчита натписот од задната страна на иконата испишан во висок стол и во духот на најубавите традиции на виантиската реторика.

Иконата, денес е сведоштво за вековното опстојување на црквата Св. Ѓорѓи црковно и духовно средиште на Струга. Денешната црква е изградена на местото од постарата и помала средновековна црква во 1835 година, со многу напори и пожртвуваност на струшките првенци и црковната општина. Разбениот иконостас е изработен во духот на најубавите дела на мијачката копаничарска традиција во 1847 година, а престолните и празничните икони во 1849/50. Живописана е во 1874 година од тајфата на браќата Макариеви од Галичник.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *