Почетна Вера МПЦ-ОА Голем ден за сестринството во Рачица – замонашени три нови монахињи
monashenje-rajchica-2019-3
monashenje-rajchica-2019-23
monashenje-rajchica-2019-22
monashenje-rajchica-2019-18
monashenje-rajchica-2019-17
monashenje-rajchica-2019-16
monashenje-rajchica-2019-15
monashenje-rajchica-2019-14
monashenje-rajchica-2019-12
monashenje-rajchica-2019-9
monashenje-rajchica-2019-8
monashenje-rajchica-2019-6
monashenje-rajchica-2019-5
monashenje-rajchica-2019-4

Голем ден за сестринството во Рачица – замонашени три нови монахињи

758
0

Филотеја, Фотина и Христина, се трите нови монахињи во сестринството на Рајчинскиот манастир, дел од Бигорската Обител.

Величествениот чин го извршил Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј заедно со Игуменот, Архимандритот Партениј, во пресрет на големиот празник посветен на Манастирот Свети Ѓорги Победоносец.

Трите нови монахињи, претходно со имињата Мимоза, Флорина и Христина успешно го поминале  искушеничкиот период во Манастирот, по што го добил монашкиот потстриг.

-Возбудено треперат срцата, ликуваат бројните присутни гости, нестрпливо очекувајќи го тој прекрасен момент, кога сите погледи и сите молитви ќе се слеат во глетката на трите сестри застанати крстовидно пред олтарот во длабок поклон. Тогаш настанува свечена тишина и секој го запира здивот да ги слушне новите имиња кои ќе го запечатат ова ново раѓање. Раѓање и живеење само за Бога. Живот во смирено послушание кон Старецот и сестринството. Живот рамноангелен, за слава на ангелите и пораз на демоните. Има ли поголема чест од тоа својот минлив краткотраен живот да го дадеш во залог за вечноста, служејќи Му со љубов, предано и до крај на Оној Кој претходно веќе го даде Својот живот за сите нас. На таква чест се удостоија трите Раички искушенички, Мимоза, Флорина и Христина, кои полагајќи го заветот пред небесната и земната Црква и стекнувајќи, преку раката на возљубениот ни владика, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, благослов за живот во монашки подвиг. Така се родија Филотеја, Фотина и Христина. Радоста е голема и за една нова рамноангелна душа, но кога заветот свечено се полага од три возљубени чеда на Старецот, тогаш кој може да ги опише копнежот, и надежта, и љубовта, и грижата, и радоста што во тој миг горат во неговото срце! Со татковски поглед ги следи, додека со преклонети глави и високо издигнати запалени свеќи стојат пред својот Творец, и во себе Му зборуваат со најумилен глас: „Подај ни светла облека, Христе Боже наш, Младоженецу на нашите души, Ти Кој се облекуваш во светлина како во облека“, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *