Годишна поддршка од 600.000 фунти за одржување на 12-те парохиски цркви

Date:

Share post:

Парламентот на Островот Џерси, под британската круна и под заштита на Обединетото Кралство, ќе расправа за предлог-амандман со кој секоја од 12-те парохиски цркви би добивала по 50.000 фунти годишно, до 2031 година,за одржување, што вкупно изнесува 600.000 фунти годишно. Средствата би биле издвоени од фондот за уметност, култура и наследство, со цел да се зачуваат значајните сакрални објекти што го формираат историскиот идентитет на островот.

Предлагачот на амандманот за BBC Radio Jersey изјавил дека ваквата поддршка е неопходна бидејќи се работи за „важни историски градби“, кои се соочуваат со „исклучително сериозни проблеми со влагата“. Црквите, кои датираат од 11. век и го носат името на секоја парохија, се целосно заштитени градби и освен за богослужби, често се користат и за други општествени потреби.

„Сите внимаваме на замоците и нивното зачувување, но најважните историски градби во заедницата се нашите 12 парохиски цркви“, потенцирал гувернерот Шентон-Стоун, додавајќи дека објектите се симбол на наследството на островот.

Расправата за амандманот е закажана за 8 декември. Ако биде усвоен, ќе претставува најзначајна институционална инвестиција во зачувувањето на сакралната архитектура на островот во последните години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img