Почетна Анализа Години на црковни градби во Повардарската епархија
Години на црковни градби во Повардарската епархија

Години на црковни градби во Повардарската епархија

520
0

Повардарската епархија, со која управува Владиката г. Агатангел ги живее годините од најинтензивната црковно-градежна дејност од нејзината понова историја. Повеќе од 10 цркви и манастири во неколку градови се во градба или во фаза на реконструкција, а изминативе неколку години беа завршени други шест такви објекти.

C 1Прв храм кој наскоро треба да биде осветен е импозантната црква посветена на семакедонските просветители Кирил и Методиј, во центарот на градот. Во гадот Велес, како седиште на Повардарската епархија, во завршна фаза се и параклисите „Св. Наум Охридски“, што ќе биде прв храм во Повардарската епархија посветен на овој Светител  и „Св. Гаврил Велички“, храм посветен на овој светител од поново време.

C 4Интензивно се гради и црквата „Св. Јован Крстител“ во новиот дел на Велес.

Од позначајните градежни зафати е изградбата на вториот конак во Согленскиот манастир.

C 6Во Кавадарци, п целосно се реновира црквата „Св. вмч. Димитриј“, која се наоѓа во центарот на градот, а во тек е изградбата на повеќе помали цркви во кавадаречките села. Интензивно  продолжува и изградбата на новиот конак во Полошкиот манастир.

Во Неготино, привршува фрескоживописувањето на црквата „Св. Атанасиј“, откако претходно беше извршено целосно реновирање на внатрешноста и на надворешноста на црквата.

C 5Во Гевгелиското архиерејско намесништво, во моментов се реализираат два капитални проекти. Изградбата на црквата во Валандово посветена на Рождеството на Пресвета Богородица, во самиот центар на градот и изградбата на црквата „Св. Атанасиј“ во центарот на Богданци. Во овој крај почнати се  градби и на помали цркви. Како значаен градежен проект од Повардарската епархија го издвојуваат и градењето на нов конак во Серменинскиот манастир „Св. Илија“.

C 3Меѓу завршените проекти и веќе осветени црковни објекти изминатите неколку години се црквата „Св. Петка“ во Кавадарци и црквата „Св. Козма и Дамјан“ во Велес.

Целосно е реновирана црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, исто и црквата „Св. Петка“ во Велес. Изградени беа конаци на Полошкиот и на Согленскиот манастир, конаците на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино, реновирањето на внатрешноста на црквата „Св. Спас“ во Велес, целосното реновирање на манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија.

crkvaИсто така изграден и во 2013 година осветен е и храмот Свети „Пророк Илија“ во село Рабово.

/ПОВАРДАРСКА ЕП.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *