Го криела ли МПЦ –ОА писмото со сочувство од Вселенската патријаршија за владиката Тимотеј?

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј испратил писмо со сочувство до Архиепископот Стефан за смртта на Митрополитот  Тимотеј. Содржината на писмото ја објави црковниот портал Литургија.мк.

Но она што паѓа в очи е датумот на кој е пишувано писмото од Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Таму стои датум 3 декември 2024 година, а веста со содржината на писмото беше обелоденета денеска на 17 декемри 2024 година. МПЦ-ОА преку црковниот портал Литургија.мк изминатив период ги објавуваше  сите писма за сочувство од помесните православни цркви, па дури беа објавени поединечни писма и од митрополити, свештеници, и разно разни институции на СПЦ. За целиот овој период црковната јавност остана збунета зошто Вселенската патријаршија не исрати писмо за сочувство.

Дневниот весник Вечер објави анализа викендов на оваа тематика.  А, индикативно е што писмото од Вартоломеј доби јавност  по овој текст.

Дали две недели некој во МПЦ-ОА намерно го криеше писмото од јавноста, веројатно мислејќи дека на тој начин ќе одработи на штета на односите МПЦ-ОА со ВП, останува нејзасно. Но факт е дека цели  две недели има од напишаното до објавеното писмо од Вартоломеј.

Во продлжение соцржината.

Преосвештен Архиепископе Охридски, во Светиот Дух возљубен брате и сослужителу на нашата Смиреност господине Стефане, благодат и мир од Бога нека биде на вашето Преосвештенство.

Со голема тага бевме информирани за упокојувањето во Господа на незаборавниот наш брат, Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј, благиот и скромен архијереј, кој го посвети својот живот во служба на Светата Црква. Молејќи се за покој на душата на блаженоупокоениот брат Тимотеј во живеалиштата на праведниците заедно со оние кои од памтивек Му благоугодиле на Бога, на вашето Преосвештенство му изразуваме, на Мајката Црква и нашето, сочувство за смртта на овој архијереј. Се молиме Христос нашиот Бог, Кој има власт над мртвите и над живите, да ја упокои душата на преминатиот од нас под сенката на дрвото на животот при водните извори, а неговиот спомн да биде вечен.

По овој повод, ги повикуваме врз вас благодатта и бескрајната милост на Бога на нашите отци, Кој има власт над животот и над смртта.

3 декември 2024

Возљубениот во Христа брат, Константинополскиот В.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img