Почетна Вести Христијанство Ѓуровски: Ќе беше добро МПЦ денеска да го спомне името на украинскиот поглавар Епифаниј
Ѓуровски: Ќе беше добро МПЦ денеска да го спомне името на украинскиот поглавар Епифаниј

Ѓуровски: Ќе беше добро МПЦ денеска да го спомне името на украинскиот поглавар Епифаниј

189
0

Празникот Богојавление, или Водици кој Вселенската Патријаршија го слави на 6 јануари, оваа 2019 година ќе остане запишан како најголем настан во поновата историја на Православната црква. Дали тоа ќе биде датум на новиот голем раскол во Христијанството, или пак ќе биде датум на нов почеток и поредок во православието ќе покаже времето, но сосема јасно е дека за Украина тоа е датум за големата победа во идејата за своја автокефална црква, а за Русија пак тоа е црн датум за единството.

На овој датум, Вселенскиот патријарх Вартоломеј го предаде Томосот за Автокефаноста на Украинската православна црква и тоа сега веќе е реалност која никој не може да ја негира.

Сега веќе останува прашањето како другите автокефални православни цркви ќе се позиционираат. После овој Божик, ќе се бројат поглаварите кои во своите литургии го спомнале, или не, името на новиот поглавар на Украинската православна црква Епифаниј, дали и кои од нив ќе одлучат да сослужуваат со него?

Оние кои тоа ќе го прават ќе биде јасно дека ја прифатиле одлуката на Вселенската патријаршија како реалност, другите ќе можат некое време да калкулираат, но ако ја продолжат праксата да не го споменуваат неговото име на литургиите, тогаш јасно е дека се престроиле во редот на Руската православна црква.

Таа одлука многу скоро ќе треба да ја донесе и Македонската Православна Црква.

Професорот Марјан Ѓуревски, во изјава за Религија.мк вели дека денеска на Светата Божикна архиерејска литургија ќе беше добро од страна на МПЦ да биде спомнат Поглаварот на Украинската православна црква Епифаниј, меѓу останатоте архиепископи и патријарси, после Чешкиот.

-Време беше за храбар историски потег и да се покаже каде припаѓаме како Црква, народ и верници. Претстојната 2019 година може да има повеќе геополитички и црковни случувања од кои нашата држава и црква не може да остане изолирана. Треба да се носиме со времето и предизвиците, вели Ѓуровски за Религија.мк.

Инаку, името на Епифаниј во редот на диплтихот на поглавари веќе почнаа да го споменуваат дел од архиереите на православните цркви. Тоа први го направија двајца владици на Грчката Православна Црква за Божиќните чествувања на 25 декември.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *