Почетна Анализа Ѓуровски: И во МПЦ има владици со проруски ставови кои не одат во прилог на македонската автокефалност!
Ѓуровски: И во МПЦ има владици со проруски ставови кои не одат во прилог на македонската автокефалност!

Ѓуровски: И во МПЦ има владици со проруски ставови кои не одат во прилог на македонската автокефалност!

1.13K
13

Официјален црковен Белград преку изјавата на владиката Иринеј прави обид за активирање на дијалогот со Скопје за да го пресретне обидот на Цариградската патријаршија, за вклучување во решавање на македонското црковно прашање, кој е видливо. Вселенскиот патријарх нема да повлече никаков потег и да донесе одлука пред да го слушне мислењето на српскиот патријарх Порфириј кое не е променето и за жал многу поригидно од сите досегашни поглавари на СПЦ. Вака, професорот Марјан Ѓуровски, политолог и познавач на отворени прашања и  состојбите во регионот за весникот ВЕЧЕР ја коментира изјавата на српскиот владика Иринеј, кој неодамна во интервју за неделникот „Печат“ рече дека е неопходно да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање.

-Сакам да верувам дека ставот на владиката Иринеј е искрен и дека не говори во ракавици. Лицемерието од која било страна и седењето на две столчиња нема да не донесе до решение на црковниот спор кој нема никаква поврзаност со Црногорското црковно прашање, вели Ѓуровски.

Тој додава дека процесот за прифаќање на МПЦ во семејството на православните цркви е почнат и нема враќање назад, бидејќи на крајот, томосот за признавање на МПЦ треба да го издаде Цариград, иако со тоа не се сложуваат некои православни Цркви. Според Ѓуровски и во редовите на МПЦ има владици кои застапуваат такви, како што вели, проруски ставови кои не одат во прилог на македонската автокефалност.

– Тие синодалци со чудни ставови работат против интересите на МПЦ и нанесоа во неколку наврати штета во своите изјави во односите со Цариградската патријаршија. Од изнесените ставови, се гледа дека владиката Јован се прокламира како дел од решението за признавање на македонската црковна автокефалност, односно неговото враќање во редовите на МПЦ и добивање на манастир за живот или должност во Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Тоа нема да биде проблем бидејќи заемното простување е дел од христијанската религија, но иднината на другите владици на ПОА е прашање кое ќе остане да виси доколку дојде да се отвори и прашањето за иднината на владиката Јован, вели професорот Ѓуровски.

Тој додава, дека сега е најважно „да не дојде до грешка во чекори од страна на македонски црковни достоинственици и малкутемина големи бранители“ во Синодот да се воздржат од национал романтизам, бидејќи ако сега, како што вели, го испуштиме возот и времето кое оди во прилог на прифаќање на МПЦ од православниот свет, тогаш ќе чекаме нови 5 или 10 години и новиот Вселенски патријарх да се занимава со тоа прашање.

Според Ѓуровски, признавањето на МПЦ-ОА е процес и секој кој вели дека тоа само што не се случило од страна на Цариград, не ја говори целата вистина.

-За поздравување се напорите на Бигорскиот манастир и владиката Партениј за промоција и потврда на МПЦ како жива Црква, со што се продолжуваат сите досегашни напори кои ги имаше македонската црковна комисија од неколку членови на Синодот. Овој пример на бигорското братство и сестринството од Рајчица треба да се следи и сите да бидат активни и видливи како монасите, така и владиците кои не треба да се појавуваат само од празник до празник, појаснува нашиот соговорник.

Според Ѓуровски, нерешеното македонско црковно прашање и спорот меѓу МПЦ и СПЦ ги обременува македонско српските односи на двата народа и двете држави и смета дека тука значајно влијание врз српскиот Синод би можел да оствари српскиот претседател Александар Вучиќ. Од друга страна, додава дека исклучително корисни се напорите кои ги прави претседателот Стево Пендаровски во неколку наврати и средби со Вселенскиот патријарх преку личен контакт и размена на писма за заложба и прифаќање на реалната состојба на жива Македонска православна Црква и нејзино прифаќање и признавање како жива реалност.

-Мислам дека самото македонско Министерство за надворешни работи исто така може да помогне со своите дипломатски активности да се подобрат и подигнат на повисоко ниво односите со Вселенската патријаршија. Тоа го прави но може многу повеќе преку нашите претставници во Анкара и Истанбул, но и во Вашингтон. Особено е значајно и влијанието и ставот на Американскиот Стејт департмент кој покажува интерес и за отворени прашања меѓу црквите и верските заедници во регионот.

Како што веќе објавивме во весникот ВЕЧЕР и верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски смета дека ваквиот став на бачкиот епископ е мотивиран првенствено од желбата случајот со МПЦ-ОА да го оттргне од рацете на Вселенската патријаршија каде што сега се наоѓа и е во процедура на решавање, што би одело во прилог и на Руската православна црква.

Претходно СПЦ, преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА. СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

/Дневен весник Вечер

Коментар(13)

  1. Gospon Djurovski, odamna se ima ipusteno vozot I se vleglo vo pogresen voz, a koga se vleze vo pogresen voz, se odi se podresen prave. Posle toa e isto kako da cekas avion na zeleznicka stanica, a toa se vidi vo vasov tekst-se pogresno….

  2. Гледање на величината на афтокефалија и томоси наместо Чистотата на православното Канонско устројство, ќе си тропаат глупости и со години ќе си талкаат.
    Добро е тоа дека има проруски владици и да му благодариме на Бога зошто после истамбулскиот томос да може целиот мак народ што го држи чистото канонско православие да се припои заедно со овие владици кон Јовановата ПОА!

  3. МПЦ е света црква која спасува,Неофициално по неколку најави, доколку прифатат екуменизам,промена на календар и промена на име бомбата ќе пукне и најверојатно многу народ ќе ја напушти МПЦ! Или ќе одат на верски потреби во соседните држави или ќе се припоиме кон ПОА!

  4. Добро е од време на време Црквата да се прочисти. Каде ќе оди ѓубрето – не е важно.

  5. Секако што да очекува народот,вие ќе можете да си продолжите да врвите на фестивали за песни и музика и да гледате литургија ко у театар а по
    куќи да бидте умислени и величествени!

  6. За какви фестивали на песни и музика зборуваш Мартин? Можеби за оние концертни настапи на македонските музичари кои токму преку ваквата соработка ја засакаа и препознаа Црквата како жива Македонска Православна Црква – ОА? А? За нив ли зборуваш? Па ти веројатно уште не беше роден кога токму оние што стојат зад овие духовни и културни проекти се мачеа да служат литургија во најсурови услови, привлекуваа народ, воцрковуваа млади луѓе…. Бебе низаедно! А што направивте вие во ПОА? Шпиони и предавници на својот сопствен народ станавте! Се обидовте ли на било каков начин да допрете до срцето на македонскиот човек? Не! Туку како некои секташи сте затворени по станови и куќи и само плукате, распнувате, судите! Судии Јудини!!! Не само што вие не влегувате во Царството, туку ги затворате неговите врати за останатите!

  7. Мрш Мартин, змијо отровна! Предавник и лицемер! Сите сте предавници! Недораснати и интелектуално ограничени луѓе! Во вашиот речник освен раскол, канони, ПОА и Јован, Иринеј и Порфирие ништо друго нема! Закочени едни! Ми се гади кога читам коментари од вас. Тешко мене ако требаше да ја запознаам Црквата преку вас, никогаш немаше да влезам внатре во неа. Па вие сте грубијани бре, само гнасотии има на јазикот ваш. Ве следам толку време и еден арен збор немате кажано. Кому му служите бре вие? На мамона изгледа. Само тоа може да се заклучи од вашиот отров. Змии лигави и отровни!!!

  8. Radikalisti!!! Shpioni!!! Uboo vi go stokmi Naum! Brat, sekoja cest! Ovie vishe samo za plukanje, za nishto drugo ne gi biva. Koj znae kolku vi keshiraat od Rusija i Srbija za da go plukate svojot narod i svojata Crkva. Predavnici! Za sitni pari ja cicate krvta na svojata Crkva. I Juda bi vi pozavidel na ova

  9. Naum, na kraj ke iskochi deka ovie definitivno se shpioni! Sekta!!! Aj vaka, da te prasham Martin, vie neli go spomnuvate imeto na Patrijarhot Vartolomej na bogosluzhbi? Irinej, Porfirij neli go spomnuvaat Vartolomej kako prv megu ednakvite? Site go spomnuvaat! Ne mi e jasno kako sega odednash vi prechi Patrijarhot i negovite nameri za priznavanaje na MPC-OA. Zar MPC treba da ostane nadvor od crkovnata zaednica? Site da se zaedno, a nie nadvor? Ednostavno se cudam kolkava omraza ima vo vas! Iskeeno: i ti i taa POA i onoj avtobys vernici shto go vlechete po vas, ste za ajt – out

  10. Ги читам коментарите и имам желба да појаснам дека Мартин е демагог и лажливец, фрла песок во очите на луѓето! Во кои соседни православни земји ќе одите со верниците кога насекаде Претстојателите на Православните Цркви во диптихот го спомнуваат името на Патријархот Вартоломеј како прв меѓу еднаквите!

  11. Мартин, се гледа дека си Поаш, па трчаш по верници, па сега гледам и зилоти сакаш да придобиеш – така нѐ нарекуваат нас овие од официјалниве цркви. Ама ние зилотите знаеме дека и ПОА е екуменистичка Црква, бидејќи е со Српската црква која е екуменистичка. Распрашај се таму за следбенците на Артемиј и за Артемиевот раскол во Србија и сѐ ќе ти стане јасно. Таму веќе има вистинска православна црква, која не е екуменистичка, а таа на Порфириј знаеме дека е. Така што, за нас зилотите, кои сме вистинските православни христијани, ниедна од Црквите, па ни таа вашата на Вранишковски, не е вистински православна. Дури и овие од МПЦ, признати или непризнати – небитно, слушаме како го спомнуваат Вартоломеј, нивниот архиепископ Стефан прв го чита Вселенскиот на богослужба, значи ист е како другите од сите православни официјални цркви. Со исклучок на Русите, кои сега не го спомнуваат Вартоломеј, ама пак, Кирил патријархот е архиекуменист, како што беше и неговиот духовник кој умре пред нозете на папата. Така, затоа ние зилотите си имаме свои цркви, може и си одиме по куќи, ама барем си сме чисти, држиме солза православие. А и ова ќе се шири, ви кажувам, зилотите ќе надвладеат, вистинското православие расти. Во Грција нѐ има во црквата ГОХ, иако таму има повеќе Синоди, ама сите го држат светоотечкиот стар календар. Да заклучам, да не должам, не трудете се околу нас зилотите, ние до крај ќе се бориме за вистинско чисто православие. Православие или смрт. Ни СПЦ, ни МПЦ, ни ГПЦ, ни РПЦ, ни другите православни, сѐ е тоа одамна забегано. И уште нешто за МПЦ: признаена или непризнаена таа и сега си го спомнува Вартоломеј во диптихот, и нас зилотите тоа ништо нема да ни смени. Ние и сега не одиме во храмовите на МПЦ, со некои исклучоци од нас. Православие или смрт!

  12. Мартине,жртво медиумска,е ова е народе резултат на моќта на медиумите или популарно fake news!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *