Почетна Вести Регион Ѓукановиќ: српската православна црква е прекугранична инфраструктура на српскиот национализам
Ѓукановиќ: српската православна црква е прекугранична инфраструктура на српскиот национализам

Ѓукановиќ: српската православна црква е прекугранична инфраструктура на српскиот национализам

235
1

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ оцени дека Српската православна црква е единствената прекугранична инфраструктура на српскиот национализам.

– Ако некому на Запад едноставно му кажете дека постои спор помеѓу државата и верската заедница во Црна Гора, тој ќе сфати дека државата не е доволно флексибилна, а уште ако е држава од Балканот, со комунистичко минато, веднаш им се чини дека се им е јасно, изјави Ѓукановиќ во интервју за ЦДМ.

Тој наведе дека не сфаќаат дека не станува збор за верски слободи, туку за инструментализација на верската заедница за уништување на суверенитетот на соседните земји со цел да се реализира проектот „Голема Србија“, овој пат под слоганот „српски свет“.

Според него, големосрпскиот национализам ги загубил упориштата во Хрватска и Косово, и му преостанале Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина.

– Се разбира, тие не сакаат да се откажат од Република Српска, но приоритет е нападот,а тоа е сериозен ризик, бидејќи Дејтон е производ на меѓународната заедница и неговите автори ќе го бранат тој производ многу одлучно и до крај. Никој не сака да влегува во конфликт со авторите на Дејтон, Американците, смета Ѓукановиќ.

Според него, Црна Гора им изгледа полесен плен во овој поглед.

– Ние во Црна Гора сме исклучително одлучни да не дозволиме да се повтори трагедијата од крајот на 20 век. Искуството од последните неколку години го разбуди црногорскиот патриотизам до тој степен што ќе и биде тешко на Србија да ни направи поголема услуга, рече Ѓукановиќ.

Тој верува дека национализмот никогаш не добил голем замав во Црна Гора, а покрај тоа, „ние никогаш не сме се заканиле никому со црногорски национализам“.

– Нашата политика беше и останува дека не сакаме да се бориме против српскиот или кој било друг национализам со црногорски национализам, туку со граѓанскиот концепт на нашето општество. Цврсто сум убеден дека Црна Гора може да опстои само како држава на граѓани. Ако го погледнете составот на населението, јасно е дека општеството на граѓани е штитот што нè штити од назадниот национализам, рече тој.

Коментар(1)

  1. А то што је Ђукановић крао паре од грађана Црне Горе преко оф шор компанија није битно. Важно је да се за сва зла овог света оптужи СПЦ. То што пишу “Пандора” папири није важно.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *