Почетна Политичка теологија Ѓорѓевски: Вистинската наука не и противречи на верата
Ѓорѓевски: Вистинската наука не и противречи на верата

Ѓорѓевски: Вистинската наука не и противречи на верата

709
0

Вистинската наука не ѝ противречи на верата. Ова во изјава за МИА, го тврди Професорот од Богословскиот факултет „Свети Климент Охридск蓬, Ѓоко Ѓорѓевски. Потенцира дека вистината е унитарна и не може да си противречи, а се работи само за различен аспект на една иста вистина.

-Познатиот научник Луј Пастер беше рекол: „Малку наука оддалечува од Бога, но многу – води кон Него“.Токму затоа секогаш треба да се прави разлика меѓу егзактната наука и некои теории, кои се повеќе филозофски отколку научни, а за кои е создаден впечаток дека имаат еднаква евидентност и точност со научните докази. Врз основа на такви теории може да се сретнат тврдења дека науката по природа е атеистичка и материјалистичка, што значи дека религијата е суеверие и догматизам, израз на ирационалноста на човековиот дух, додека, пак, науката е манифестација на целосна рационалност и единствен пат за осознавање на објективната вистина. Стигнато е дотаму науката да се нарекува „религија на вистината“! И кога така сфатената наука ќе си придаде пресумпција дека е единствениот критериум преку кој може да се дојде со спознание, тогаш таа може да си дозволи да ѝ противречи на верата во сѐ, вели за професорот Ѓорѓевски.

Тој смета дека науката денес бележи големи успеси на многу полиња, но се уште за нејзе има некое необјасниво „Зошто„.

-Науката денес бележи големи успеси на многу полиња биологијата, медицината, физиката, хемијата, астрономијата, информатиката, електрониката, напредуваат рапидно и незапирливо. И сите тие, како што вели, дадоа и даваат енормен придонес во сознавањето на нашиот свет, како во однос на минатото, така и на иднината. ¬ Но, сепак, останува фактот дека науката со своите инструменти не е во можност да ги објасни сите „зошто“ на човекот. Својствена на човекот е способноста да се прашува, да ја испитува вистината, да тежнее да го разбере чудото на постоењето, да избира меѓу доброто и злото, да љуби… Науката не е исцрпна, а нуди само интерпретативни модели и може често да одговори (но само парцијално) на „како“, но не и на „зошто“ на реалноста. Тие одговори човекот ги бара и ги наоѓа во верата, вели Ѓорѓевски во анализата на МИА, посветена на тоа што науката не може да и противречи на религијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *