Почетна Вести Христијанство Ѓорѓевски: Не се очекува БПЦ еднострано да ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА
Ѓорѓевски: Не се очекува БПЦ еднострано да ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА

Ѓорѓевски: Не се очекува БПЦ еднострано да ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА

102
0

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага во решавањети на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит, по архиерејската литургија во храмот „Света Софија“.

За верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски, изјавата на Неофит е само гест на добра волја и обид да се задржи оптимизмот во однос на решавањето на статусот на МПЦ. Но, тој не очекува дека во догледно време, ќе се направи јасен исчекор од бугарска страна, имајќи го предвид ретерирањето на Вселенската Патријаршија околу македонското црквно прашање, а знаејќи го цврстиот став на Руската и Српската црква, кои јасно и порачаа на БПЦ да не се меша во јурисдикцијата на СПЦ.

-Не очекувам дека бугарскаат црква ќе одлучи едностарано да ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА. Од друга страна, треба да се причека и да спласне случајот со признавањето на Украинската црква, вели Бранко Ѓоргевски, верски аналитичар.

/Kanal5

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *